КОМИТИ ГИ ИСТЕПАЛЕ ЛОЗАРИ И „ВО ГОСТИ“ Им влетале во сала наоружани со палки и факели

Во тој момент „Лозари“ ги подготвувале транспарентите за неделното дерби и биле неспремни за тепачка.

1,285

Во Кавадарци ноќеска се случила тепачка меѓу навивачи на ФК Тиквеш и на ФК Вардар во пресрет на фудбалскиот дерби натпревар кој треба да се одржи в недела во вој град.

Припадници на навивачката група Комити во текот на изминатата ноќ со неколку автомобили влегле во Кавадарци, додека нивните ривали од навивачката група Лозари ги подготвувале транспарентите за неделното дерби.






Навивачите на Вардар влегле во спортската сала „Јасмин“ со факели и со тврди предмети ги нападнале Лозари, кои не биле подготвени за такво нешто. Скопските навивачи успеале да им ги одземат материјалите.

Инцидентот е снимен со безбедносни камери од СЦ „Јасмин“. МВР најави повеќе детали за инцидентот.

Поврзани содржини