КОЈЗНАЕ ДАЛИ НАТО ЌЕ ОПСТАНЕ ДО ЈУНИ Мерц има сомнеж за иднината на Алијансата во својата сегашна форма

Никогаш не би помислил дека ќе морам да кажам вакво нешто во ТВ емисија, но по изјавите на Доналд Трамп од минатата недела... јасно е дека оваа влада не се грижи многу за судбината на Европа, изјави новиот канцелар на Германија, Фридрих Мерц, по победата на изборите.

632

Конзервативецот Фридрих Мерц, чијашто коалиција ЦДУ/ЦСУ победи на парламентарните избори во Германија, вчера веднаш по победата изрази сомнеж за тоа дали НАТО ќе опстане во својата „сегашна форма“ до самитот во јуни, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Европа мора да воспостави независни одбранбени капацитети.






– Никогаш не би помислил дека ќе морам да кажам вакво нешто во ТВ емисија, но по изјавите на Доналд Трамп од минатата недела… јасно е дека оваа влада не се грижи многу за судбината на Европа – изјави синоќа Мерц по победата на изборите.

Осврнувајќи се на самитот на НАТО, закажан за јуни, Мерц рече дека го интересира „дали тогаш сè уште ќе зборуваме за НАТО во неговата сегашна форма или ќе треба многу побрзо да воспоставиме независна европска одбранбена способност“, пренесоа британските медиуми.

Мерц во петокот рече дека Германија ќе мора да се соочи со можноста Трамп да не го почитува целосно ветувањето на НАТО за меѓусебна одбрана.

Мерц додаде дека ова значи оти Берлин можеби ќе треба помалку да се потпира на САД за нуклеарно одвраќање и повика на разговори со европските нуклеарни сили, Франција и Велика Британија, за проширување на нуклеарните заштитни мерки.

📊 ПОЧНАА МАТЕМАТИКИТЕ СО МАНДАТИТЕ ВО БУНДЕСТАГОТ Демохристијаните имаат 197 места, АфД со 141, социјалдемократите со 114

Поврзани содржини