КЛУБОТ „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ И ОФИЦИЈАЛНО ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ Избришан е од Централниот регистар
Министерот за правда Кренар Лога му „пресуди“ на Клубот, поради името тоа што името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ, со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура.
Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола е избришан од регистарот на невладини организации и здруженија. Во Централен регистар како правен статус е наведено „избришан“.
Одлуката уследи по одбивањето на здружението на Бугари да го промени името, кое, според наодите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, создава негативни чувства кај народите во Македонија, бидејќи Иван (Ванчо) Михајлов бил соработник на фашистите и противник и негатор на македонскиот народ.
Централниот регистар постапи по одлуката според која бугарскиот клуб не го усогласил името со измените во Законот за здруженија и фондации, кој забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнуваат и повикуваат на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.
Претходно, министерот за правда Кренар Лога го потпиша Решението со кое барањето за добивање одобрение за користење на името „Иван Михајлов” во називот на употреба на Здружението културен центар „Иван Михајлов“ Битола се одбива како неосновано.
Лога се повика на негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности, која смета дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ, со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура.