КИМ КАРДАШИЈАН ГИ РАЗБЕСНИ ЛУЃЕТО СО ФОТОГРАФИИ ОД ЌЕРКАТА И ВНУКИТЕ „Ова е одвратно“

Ријалити-ѕвездата објави фотографии од осумгодишната ќерка Чикаго, деветгодишната внука Дрим и осумгодишната внука Тру во усогласени црвени фустани. Дел од корисниците на социјалните мрежи сметаат дека облеката и начинот на кој се прикажани девојчињата не се соодветни за нивната возраст.

40

Ким Кардашијан предизвика расправии на социјалните мрежи откако сподели фотографии од семејното патување во Кина. На почетокот на објавата позира во црн фустан, а на фотографиите се појавуваат и нејзината мајка Крис Џенер и сестра ѝ Клои Кардашијан. Сепак, најмногу внимание привлекоа трите братучетки во усогласени црвени фустани.

Станува збор за осумгодишната Чикаго Вест, ќерката на Ким, осумгодишната Тру Томпсон, ќерката на Клои Кардашијан и Тристан Томпсон, и деветгодишната Дрим Кардашијан, ќерката на Роб Кардашијан и Анџела Вајт, позната како Блек Чајна. На една фотографија девојчињата јадат во хотелската соба, а на друга трчаат низ ходникот.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Дел од следбениците ги фалат фотографиите и изгледот на девојчињата, но, има и остри реакции.

– Несоодветно! – напишал еден корисник, а друг кратко коментирал:

– Ова изгледа чудно.

Некои се прашуваат зошто во ваквите објави постојано се во центарот на вниманието девојчињата, а не и момчињата од семејството.

– Ова е чудно. Зошто никогаш не ги покажуваат момчињата, туку секогаш ги ставаат девојчињата во прв план? Нема никаква причина за вакви фотографии – напишал еден од критичарите.

Други, пак, застанале во одбрана на семејството, тврдејќи дека девојчињата само го имитираат однесувањето на возрасните околу нив и дека не треба да се сексуализира секоја фотографија од деца.

Една корисничка напишала дека девојчињата се преслатки и дека веројатно се забавувале, но дека објавувањето на фотографиите на интернет е проблематично. Според неа, начинот на кој се прикажани може да остави сексуализиран впечаток, поради што се запрашала зошто славните личности објавуваат вакви фотографии од своите деца.

– Навистина е одвратно – заклучила таа.

Ким и претходно зборувала за блискоста меѓу Чикаго и нејзините братучетки. Во честитката за осмиот роденден на ќерка си во 2024 година, таа ја опишала како паметна, слатка и духовита, а посебно ја истакнала нејзината блискост со братучетките.

И Клои Кардашијан во минатото зборувала за односот меѓу децата во семејството, велејќи дека тие се гледаат речиси секој ден и дека се повеќе како браќа и сестри отколку како братучеди. Таа признала и дека ја плаши помислата дека неколку девојчиња од семејството истовремено ќе влезат во тинејџерските години.

Поврзани содржини