КЕЈТ БЕКИНСЕЈЛ ГО ЧИСТИ СВОЈОТ ИНСТАГРАМ ПО ЖЕСТОКИТЕ НАПАДИ ЗА НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД Актерката откри со каква ретка здравствена состојба се бори со години
Ѕвездата на „Serenity“ откри дека нејзиното слабеење не е последица на лекови или нарушување во исхраната, туку е поврзано со синдромот на активирање на мастоцитите и со големата лична загуба што ја доживеала.
Кејт Бекинсејл ги избриша речиси сите објави од својот Инстаграм откако се соочи со низа сурови коментари за својот изглед и телесната тежина. 53-годишната актерка претходно објасни дека промената во нејзиниот изглед е поврзана со здравствени проблеми и со тешката загуба на нејзината мајка Џуди Ло, која почина во 2025 година.
Таа на 8 август сподели низа „сториња“ во кои одговори на дел од коментарите, а потоа го исчисти својот профил.
Актерката откри дека боледува од синдром на активирање на мастоцитите (MCAS – Mast Cell Activation Syndrome), состојба која ја има дијагностицирано пред околу 16 години. Кај ова нарушување мастоцитите, клетки кои имаат важна улога во имунолошкиот систем, ослободуваат прекумерни количини на различни медијатори, што може да предизвика симптоми слични на алергиска реакција. Бекинсејл објаснила дека кај неа проблемите особено се манифестираат преку желудникот и дигестивниот систем.
Таа открила дека за време на влошување на состојбата има и силен киселински рефлукс, односно враќање на желудочната киселина кон хранопроводот. Бекинсејл, исто така, посочила дека нејзината состојба влијае врз телесната тежина. Во видео што подоцна го избришала, актерката зборувала за коментарите дека изгледа „анорексично“ или дека користи дроги, нагласувајќи дека луѓето не знаат низ што поминува личноста зад фотографијата.
Дополнителен удар за неа биле загубите во семејството. Бекинсејл во последните години ги загубила мајка си и очувот Рој Батерсби, а самата вели дека губењето на повеќе блиски луѓе во краток период оставило трага врз нејзиното физичко и психичко здравје. Таа објаснила дека слабеењето може да биде еден од физичките знаци на длабока жалост.
Бекинсејл првично сакала со своето јавно зборување да ја подигне свеста за оваа состојба, за која смета дека многу лекари сè уште немаат доволно познавања. Но, по негативните реакции, подоцна изразила жалење што ја споделила приказната. Таа објаснила дека нејзината намера била да покаже низ што поминуваат луѓето со вакви здравствени проблеми, а не да се претставува како експерт.
На крајот, актерката одлучила дополнително да го ограничи своето присуство на социјалните мрежи. На еден од коментарите дека повеќе му се допаѓала кога не зборувала, таа одговори дека тоа повеќе нема да биде проблем и дека ќе ги избрише објавите, оставајќи само препораки за книги.
View this post on Instagram