Кафулињата и рестораните ќе работат само до 18 часот, забрана на сите јавни и приватни собири

1,823

Кафулињата и рестораните ќе работат само до 18 часот, и тоа со половина капацитет за гостите да бидат на распојание од 1 до 2 метри, како и забрана на сите јавни и приватни собири, концерти,  театарски претстави, кина, како и теретани и друго.

Ова се предлози од Комисијата за заразни болести кои се доставени до Владата, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.






Ваквите мерки ќе започнат да важат од утре.

Филипче додаде дека претседателот на Владата, Оливер Спасовски разговарал со верските заедници во државава за строго придржување кон мерките.

Во текот на денот претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска ќе го презентираат планот за финансиска поддршка – доколку се укаже потреба, затоа што веќе се планираат мерки согласно динамиката на одвивање на сите овие работи.

Поврзани содржини