ИЗРАЕЛ СЕ ЗАКАНИ СО УШТЕ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА Бројката на жртви достигна 413

Со нападите во Газа беше прекинат привремениот прекин на огнот.

427

Израелската армија денеска соопшти дека ќе продолжи со нападите врз Хамас и палестински Исламски џихад во Појасот Газа, додека министерот за одбрана на земјата Израел Кац рече дека Хамас „мора да сфати дека нападите ќе станат сè посилни доколку заложниците не бидат ослободени“.

Бројката на жртви во израелските напади врз Појасот Газа во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот се зголеми на 413, а ранети се најмалку 660 лица. Со нападите беше прекинат привремениот прекин на огнот.






Хамас денеска ја осуди „неограничената поддршка на САД за Израел“, велејќи дека Вашингтон сноси целосна одговорност за страдањата во Појасот Газа, додека Иран соопшти дека „нападите се продолжување на геноцидот во окупираната Палестина“.

Поранешниот израелски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој ја напушти владата поради несогласувања за прекинот на огнот во Појасот Газа, се враќа во коалицијата, соопштија двете партии преку соопштение.

Бен Гвир и уште двајца министри оставките ги објавија на 19 јануари, осудувајќи го скандалозниот договор за прекина на огнот, што стапи на сила тој ден.

Поврзани содржини