Италијанската полиција казни човек кој се сончаше сам на плажа ВИДЕО

824

Италијанската полиција објавила снимка од дрон на кој може да се види како фатиле маж кој сам се сончал на плажа. Снимката е направена во познатото летувалиште Римини, а несреќниот маж добил казна.

Полицајците во Италија со дрон ја надгледуваат плажата, а откако го забележале мажот, набргу го опколиле.






Кога ги здогледа полицајците човекот бил изненаден и во тој момент не знаел како да реагира. Полицајците му напишале казна, а постапката на полицијата предизвика негативни реакции во јавноста.

Иако Италијанците мошне сериозно го разбираат карантинот, на многу им пречела оваа акција на полицијата, која ја нарекле претерана бидејќи мажот бил сам и не можел никого да зарази.

 

Поврзани содржини