ИСТЕПАЛ ВРАБОТЕН НА „КОМУНАЛНА“, ПА ГО СЛЕДЕЛ ДО ДОМА Драмата завршила со пријава за истрели

Вработен во ЈП „Комунална хигиена“ тврди дека бил нападнат додека работел на улица во Скопје. Според неговата пријава, напаѓачот потоа тргнал по него со автомобил до неговиот дом.

1

Вработен во ЈП „Комунална хигиена“ пријавил дека доживеал вистинска драма додека бил на работна задача во Скопје. Според МВР, 48-годишниот скопјанец околу 17:50 часот работел на улицата „Маџари“, кога со возило пристигнал 52-годишен сограѓанин и физички го нападнал.

Но инцидентот не завршил таму.






Нападнатиот пријавил дека мажот потоа го следел со автомобил сè до неговиот дом. Во текот на следењето, како што навел во пријавата, слушнал и истрели од огнено оружје.

„На 14.07.2026 во 19:00 часот во СВР Скопје, Р.И.(48) од Скопје пријави дека околу 17:50 часот на ул. ‘Маџари’ во Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во ЈП ‘Комунална хигиена’, со возило дошол Б.П.(52) од Скопје и физички го нападнал, а потоа и го следел со неговото возило до домот на пријавителот“ – соопшти МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини