ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени
Ова иновативно дигитално решение овозможува лесна навигација низ продавниците, информации за најновите промоции, попусти и настани, како и интегрирана програма за лојалност – прва од ваков вид на македонскиот пазар во оваа индустрија.
Ист Гејт Мол ја лансираше новата верзија на својата мобилна апликација, која од денеска е достапна за преземање на сите Android и iOS уреди. Апликацијата е специјално дизајнирана за посетителите на трговскиот центар и има за цел да го олесни и унапреди шопинг искуството со низа новитети.
„Со лансирањето на оваа мобилна апликација, ние ја поставуваме новата димензија на шопинг и искуство во нашиот трговски центар, особено за нашите лојални потрошувачи и посетители. Нашата цел е да го подобриме секој аспект на искуството на посетителите, додека тие уживаат во шопингот, вкусни гастрономски искуства и фантастични настани“, велат од Ист Гејт Мол.
Ова иновативно дигитално решение овозможува лесна навигација низ продавниците, информации за најновите промоции, попусти и настани, како и интегрирана програма за лојалност – прва од ваков вид на македонскиот пазар во оваа индустрија.
Апликацијата вклучува и интерактивна мапа, која на посетителите им овозможува брзо и едноставно да го пронајдат секој локал и контакт во трговскиот центар. Без разлика дали некој бара конкретна продавница или сака да дознае повеќе за тековни настани, сите информации се достапни на едно место.
Особено внимание е посветено на програмата за лојалност – иновативен систем кој овозможува на посетителите да добиваат поени при секое купување. Со едноставно скенирање на фискалната сметка, корисниците собираат поени кои потоа автоматски се претвораат во ваучери. Овие ваучери може да се искористат во една од селектираните продавници во трговскиот центар.
Апликацијата е достапна веднаш за преземање преку следниот линк: https://qrco.de/bftUmPв, како и на Android на Apple. За повеќе информации и дополнителни објаснувања, посетителите може да ја посетат официјалната веб-страница на трговскиот центар – eastgatemall.mk.