ИСПРАЗНИЛ КАРТИЧКА КОЈА ЈА СЛИКНАЛ НА ШАЛТЕР Болнички службеник си купувал со туѓи пари и потрошил 90.000 денари
СВР Битола поднесе кривична пријава, осомничениот наводно фотографирал платежна картичка и потоа ја злоупотребил за онлајн купувања.
Полицијата во Битола поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Прилеп, И.С., поради сомнеж дека извршил неовластен пристап до компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци.
Според информациите, осомничениот, кој работел како административен службеник на шалтер за наплата во ЈЗУ Општа болница Прилеп, на 13 октомври 2025 година фотографирал дебитна платежна картичка од едно лице од Прилеп.
Потоа, во период од 26 октомври 2025 до 19 февруари 2026 година, преку интернет извршил вкупно 71 трансакција, при што биле потрошени 90.174 денари.
Од СВР Битола информираат дека по документирањето на случајот е поднесена кривична пријава и се преземаат понатамошни мерки за постапката.