ИРАН ТВРДИ ДЕКА НЕ ПОПУШТИЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Техеран демантира дека преговарал за нуклеарната програма
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека на разговорите со САД во Швајцарија не биле водени преговори за нуклеарната програма, и покрај изјавата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека е постигнат значаен напредок.
Иран за време на разговорите со Соединетите Американски Држави во Швајцарија не преговарал за својата нуклеарна програма, ниту прифатил какви било нови обврски, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, за иранската новинска агенција ИРНА.
Тој истовремено наведе дека соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе продолжи во согласност со постојните процедури, како и со одлуките на иранскиот Парламент и Врховниот совет за национална безбедност на Иран.
Претходно денеска, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека Иран се согласил повторно да ги повика инспекторите на МААЕ во земјата.
– Тоа е голема пресвртница за американскиот народ. Поставен е многу добар темел за конечен договор – рече Венс, додавајќи дека ова претставува голем чекор кон денуклеаризација на Иран.