ИРАН ПАК ГИ ГАЃА ЕМИРАТИТЕ, ВЕЛИ ДЕКА Е ВО САМООДБРАНА Техеран ги обвини САД за убиство на 5 цивили

Властите на Обединетите Арапски Емирати потврдија дека воздушната одбрана пресретнува ракети додека граѓаните се повикани на претпазливост. Иран тврди дека дејствува во самоодбрана поради американско воено присуство во регионот.

194

Воздушните сирени попладнево повторно одекнаа во Обединетите Арапски Емирати. Системите за одбрана веднаш реагираа на ракетна закана од Иран.

Министерството за внатрешни работи  на Емиратеите соопшти дека моментално одговара на ракетните закани од Иран. Жителите добија јасни инструкции да останат на безбедно. Обемот на нападот сè уште не е целосно утврден.

Инцидентот доаѓа веднаш по претходен удар од Иран. Тој беше прв по прекинот на огнот на почетокот на април. Новиот напад го отвора прашањето дали примирјето се распаѓа.

„Единствена причина е самоодбраната“

Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаеи, ја објасни позицијата на Техеран.

– Не чувствуваме никакво непријателство кон која било земја во регионот – изјави тој.

Тој додаде дека нападите се одговор на агресија.

– Единствената причина е одбрана од активна агресија од САД и Израел – рече Багаеи.

Според него, регионалните држави се дел од поширок конфликт. Тој тврди дека тие обезбедуваат логистика за американски операции.

– САД ги користат базите на соседните земји за напади – изјави тој за „Прес ТВ“.

Иран смета дека военото присуство на САД носи нестабилност. Оваа теза се повторува како главна линија на одбрана.

Нападнатите чамци во Теснецот не биле воени?

Иран ги обвини САД за убиство на 5 цивили во Ормускиот Тeснец, тврдејќи дека нивните сили нападнале патнички бродови, а не бродови што припаѓаат на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), како што тврдеа Американците.

Ова тврдење е во спротивност со изјавата на американскиот адмирал Бред Купер, кој рече дека силите на Централната команда (ЦЕНТКОМ) потопиле 6 брода на ИРГЦ кои се обиделе да се мешаат во американската мисија за евакуација на заглавените бродови од Ормуз.

Операцијата на САД, наречена „Проект Слобода“, го потресе кревкото примирје постигнато меѓу Иран и САД на 8 април и ги обнови стравувањата од можна ескалација.

„Трамп тропа глупости, нема одлука без Техеран“

Советникот на врховниот лидер на Иран, Мохамед Мокбер, директно го нападна шефот на САД Доналд Трамп.

– Американскиот претседател зборува многу глупости – изјави тој.

Тој зборуваше за Ормускиот теснец. Според него, тој нема да се отвори без одлука на Иран.

Мокбер испрати порака дека контролата останува во рацете на Техеран. Изјавата доаѓа како одговор на американскиот план „Проект слобода“.

Тој план има цел да ги ослободи блокираните трговски бродови. Ситуацијата во Заливот затоа станува уште понеизвесна.

12 ракети, тројца повредени

Министерството за одбрана на Емиратите соопшти дека досега биле пресретнати 12 балистички ракети. Пресретнати биле и 3 крстосувачки ракети и 4 дрона. Дел од заканата сепак пробила одбранбени линии.

Три лица се полесно повредени. Напад со дрон на Иран во понеделникот погодил нафтено пристаниште во големата постројка Фуџаира. Пожар избувнал, додека повредени биле тројца индиски државјани.

Поврзани содржини