ОД ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ ДО СЛЕДЕЊЕ НА УЛИЦА Пет нови случаи на семејно насилство, две лица уапсени

МВР евидентираше 5 нови пријави за семејно насилство во последниот ден. Приведени се две лица и поведени се истраги во три градови.

55

Пет случаи на семејно насилство се регистрирани во изминатото деноноќие. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека две лица се лишени од слобода.

Во Гостивар, полицијата приведе 31-годишен маж.

„Физички ја нападнал сопругата и ѝ упатил закани по живот“, информираат од МВР.

Подоцна, во населбата Бањешница, приведен е и 35-годишен маж. Тој се однесувал агресивно кон мајка си и кон полицијата.

Во Скопје, пријавени се два одделни инциденти. 19-годишна девојка пријавила дека таа и нејзината мајка биле нападнати од таткото.

Во друг случај, 75-годишна жена пријавила напад од својот син и снаа. При инцидентот била оштетена и покуќнина.

Во Тетово, 30-годишна жена пријавила следење.

„Поранешниот партнер ја следел и вознемирувал“, соопшти МВР.

Од Министерството велат дека се преземаат мерки. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини