Информирајте се како се пренесува корона и како да се заштитите (ВИДЕО)

Да се грижиме за нашето здравје и да го спречиме ширењето на КОВИД-19, порачува Министерството за здравство.

1,432

Министерството за здравство сподели видео од информативен и едукативен карактер во врска со пренесувањето на вирусот корона. Преку видеото граѓаните можат да се информираат за корона вирусот – како се пренесува, но и како да се заштитат од него. На илустративен начин се објаснети препораките кои граѓаните треба да ги применуваат за заштита од вирусот. Видеото е во соработка со Светската здравствена организација (СЗО).






Емитувањето на видеото е со цел граѓаните да се информираат и сите заедно да влијаеме на колективното здравје. Да се грижиме за нашето здравје и да го спречиме ширењето на КОВИД-19, порачува Министерството за здравство.

Поврзани содржини