ИМАТЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ, АИ ЧУКА НА ВРАТАТА Техномилијардерите ги предупредија членките на Г7

Шефовите на OpenAI, Google DeepMind и Anthropic велат дека владите во светот имаат само неколку години за да воспостават контрола врз вештачката интелигенција.

33

Светските лидери немаат многу време да ја стават вештачката интелигенција под контрола, предупредија шефовите на трите најголеми компании во секторот на самитот на Г7 во Франција.

Сем Алтман од OpenAI, Демис Хасабис од Google DeepMind и Дарио Амодеи од Anthropic оценија дека владите имаат само неколку години, а можеби и само една до две, за да воспостават правила за технологијата која забрзано станува сè помоќна.






– Очекувам дека за една или две години ќе градиме системи со неверојатна моќ – изјави Алтман.

Хасабис зборуваше за период од три до пет години, додека Амодеи тврдеше дека сме само една или две години подалеку од моментот кога моделите на вештачка интелигенција ќе станат подобри од луѓето во апсолутно сè.

Иако тројцата технолошки лидери зборуваа за огромните придобивки од новата технологија, нивната главна загриженост беше насочена кон ризиците за националната безбедност, кибернападите, биотероризмот и модерното војување.

Но, единство немаше околу прашањето како треба да изгледа контролата.

 

Амодеи се залага за построги ограничувања и контрола на пристапот до најмоќните системи, особено за геополитичките ривали на Западот.

Алтман, пак, предупреди дека опасност претставува и можната концентрација на моќ во рацете на мал број компании и институции.

Британскиот премиер Кир Стармер порача дека развојот на вештачката интелигенција мора да оди рака под рака со заштитата на граѓаните и јавниот интерес.

Стармер предупреди дека иднината на вештачката интелигенција нема да зависи само од технологијата, туку и од довербата на граѓаните. Според него, владите мора да најдат рамнотежа меѓу иновациите и заштитата на јавниот интерес, особено кога станува збор за безбедноста на децата и слободата на говорот.

– Ако не успееме да ги направиме и двете работи истовремено, ќе ја изгубиме јавната поддршка – порача Стармер.

Поврзани содржини