И УТРИНАВА ТРАЕ ОГНОТ ВО НАГОРНО КАРАБАХ Досега загинале стотина војници, по педесетина од двете страни
Американските медиуми потсетуваат дека во вчерашните жестоки борби на двете страни загинаа околу 100 војници, а новите напади на двете страни ги подгреваат стравувањата од обновување на непријателствата меѓу долгогодишните противници. Ерменија вчера пријави дека во борбите загубила 49 свои војници, додека Азербејџан соопшти за 50 нејзини загинати војници, наведуваат американските медиуми.
Рано утринава има нови судири меѓу азербејџанските и ерменските војници на спорната граница кај регионот Нагорно-Карабах , јави Тасс, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана.
Портпаролот на ерменското министерство соопшти дека Азербејџан во денешните напади на границата меѓу двете земји употребил беспилотни летала, артилерија и минофрлачи, а според него ситуацијата на теренот се уште била тензична.
Azerbaijan has launched a new attack on Armenia, entering the country with infantry- seen below.
Last night, Azerbaijani forces shelled the cities of Goris, Kapan, Vardenis, and Jermuk, and continue to strike military facilities.
Shooting was reported along the entire border. pic.twitter.com/t7jz4tM846
— Politsturm International (@PolitsturmInter) September 13, 2022
Американските медиуми потсетуваат дека во вчерашните жестоки борби на двете страни загинаа околу 100 војници, а новите напади на двете страни ги подгреваат стравувањата од обновување на непријателствата меѓу долгогодишните противници.
Ерменија вчера пријави дека во борбите загубила 49 свои војници, додека Азербејџан соопшти за 50 нејзини загинати војници, наведуваат американските медиуми.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера експресно ги повика Ерменија и Азербејџан „да преземат итни чекори за деескалација на тензиите, да покажат максимална воздржаност и да ги решат сите отворени прашања преку дијалог и спроведување на претходните договори“.
Советот за безбедност на ОН за денеска закажа затворена седница во врска со обновувањето на конфликтите во регионот на азербејџанско-ерменската граница.
Во во вторникот, текот на ноќта, на ерменско-азербејџанската граница повторно имаше вооружени судири, а двете страни меѓусебно се обвинуваат дека го почнале новото заострување на односите.
Азербејџанските медиуми вчера јавија дека Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот, што стапи на сила вчера во 9 часот по локално време.