И ЛЕКАРИТЕ И СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ПОД ЗАКАНИ Села бара да не се попречува истрагата

Лидерот на Алијанса за Албанците повика да владините претставници да престанат со притисоци, и да ги остават истражителите да ја завршат својата работа без политичко мешање.

857

Како да не беа доволни 14-те живи запалени жртви, владата наместо да обезбеди праведни истраги и случајот да не се повтори, таа се обидува да се амнестира преку закани и уцени. Изминативе денови и понатаму се врши притисок над семејствата на жртвите и лекарите во болницата во Тетово, реагира претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села.

Села тврди дека покрај Емшиу кој јавно проговоре дека му се закануваат, притисок се врши и на лекарите од тотовската болница.






– Младиот Ибин Емшиу којшто ги изгуби таткото и братот во пожарот, пријавил дека му се закануваат да не прозбори и да ја каже вистината околу условите и пожарот во Модуларната болница во Тетово.  Од друга страна неколку лекари пријавиле дека се врши притисок над нив да потпишат петиција во одбрана на еден од директорите на болницата во Тетово, во ист стил како и обидот на директорите на клиниките во Скопје за спасување на Филипче – вели Села.

Тој повикува  да престанат притисоците.

– Ве повикувам итно да престанете со таквите притисоци, оставете ги истражителите да ја завршат својата работа без политичко мешање. Почитувајте ги жртвите и нивните семејства, како и медицинскиот персонал што веќе сте го оставиле да работи во тешки-мизерни услови. Ве уверувам дека, денес или утре, одговорните за палењето на 14 души, како и тие кои ја попречуваат истрагата, закануваат и уценуваат, ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата вели лидерот на Алијанса за Албанците

Поврзани содржини