МИЦКОСКИ СЕ ИЗВИНИ ЗА ДЕНЕШНИТЕ ИНЦИДЕНТИ ВО СОБРАНИЕТО „Се надевам дека во иднина тоа нема да се повтори“

До оваа ситуација дојде откако вечерва за време на расправата во собранието настана вжештување ма атмосферата по што пратениците на СДСМ ја напуштија салата.

206

Во завршното обраќање, непосредно пред гласањето за новите министри во Владата премиерот Христијан Мицкоски се извини за денешните инциденти во Собранието.

„Се надевам дека во иднина тоа нема да се повтори“, рече Мицкоски.






До оваа ситуација дојде откако вечерва за време на расправата во собранието настана вжештување ма атмосферата по што пратениците на СДСМ ја напуштија салата откако побараа и не добија извинување од премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, како и реакција од претседателот на Собранието Африм Гаши, поради, како што кажаа, навреди и непримерно однесување кон пратеници на СДСМ.

На прес конференцијата веднаш по напуштаето на пленарната сала, од СДСМ рекоа дека однесувањето е надвор од сите демократски критериуми, особено затоа што во нив биле вклучени претседателот на Владата и кандидат за министер.

Поврзани содржини