📽️ ХИТ СНИМКА ОД НЕСМАСНИОТ ВЕНС Каква катастрофа на потпретседателот пред Трамп во Белата куќа

За време на претставување на трофејот, Венс се обиде да го подигне, но не знаеше дека куќиштето може да се одвои од златниот дел.

1,533

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе го памети првиот прием на спортисти во Белата куќа откако стана десна рака на претседателот Доналд Трамп.

Единствениот проблем за Венс е што споменот нема да биде пријатен.






На видеото објавено од „CBS News“ се гледа како Трамп и Венс се домаќини на шампионскиот тим на Државниот универзитет во Охајо во американски фудбал на тревникот пред претседателската резиденција.

За време на претставување на трофејот, Венс се обиде да го подигне, но не знаеше дека куќиштето може да се одвои од златниот дел.

Трофејот се распадна, проследен со смеа на насобраните играчи и поглед на Трамп кој не можеше да поверува што се случува.

Венс брзо го подигна куќиштето за да го прикачи трофејот, но на крајот му го дадоа само златниот дел да го држи, за секој случај.

Трамп цело време со насмевка коментираше со еден од играчите кој со насмевка го гледаше Венс.

Поврзани содржини