ГРАНИТ ЌЕ ГО ГРАДИ АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-БЛАЦЕ Делницата ќе има 5 тунели, 12 мостови и 40 објекти
Започнува изградбата на автопатот Скопје – Блаце, проект кој треба да ја подобри регионалната поврзаност со Косово и Црна Гора и да придонесе за економски развој, информира министерот Николоски.
Министерот Александар Николоски информира дека почнува изградба на нов автопат, Скопје-Блаце, кој ќр биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора.
-Работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде што разговаравме за изградбата на автопатот Скопје – Блаце.
Изведувачот на автопатот е конзорциумот предводен од македонската градежна компанија Гранит. После подолг временски период една домашна градежна компанија целосно ќе изведува автопат.
Автопатот Скопје – Блаце претставува витална патна артерија со која Македонија се поврзува со Косово и Црна Гора. Неговата изградба ќе придонесе за поефикасен транспорт и побезбеден сообраќај, ќе ја подобри поврзаноста со соседните земји и ќе создаде нови можности за економски развој, трговија и инвестиции, со што Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата улога како важна транзитна и транспортна врска во регионот, напиша Николоски на Фејсбук.
Тој појаснува дека проектот предвидува 5 тунели, 2 галерии и 12 мостови.
– Заедно со помалите инфраструктурни објекти вкупно 40 објекти ќе се изведат на терен – вели Николоски.