📷 ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ ПОТОНА ВО ТИШИНА Граѓани се собраа за да оддадат почит на загинатите во пожарот во Кочани

Како што беше наведено и во најавата од страна на „Студентски пленум” за денешниот собир, граѓаните почнаа да се собираат околу 16 часот, по што едночасовниот молк започна една минута пред 17 часот, односно, симболично, во 16:59 часот.

507

Во скопскиот Градски парк, попладнево, стотина млади лица се собраа за со едночасовен молк да оддадат почит на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, а над 150 лица се здобија со повреди.

Како што беше наведено и во најавата од страна на „Студентски пленум” за денешниот собир, граѓаните почнаа да се собираат околу 16 часот, по што едночасовниот молк започна една минута пред 17 часот, односно, симболично, во 16:59 часот.






Насобраните не дадоа изјави за медиумите пред почетокот на молкот.

Поврзани содржини