60 НОВИ САДНИЦИ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж

0

60 нови садници се садат во Градскиот парк во Скопје по ураганот кој завчера (20 јули 2026) ги погоди Скопје и Македонија.

Паднаа голем број дрвја во Градскиот парк, а беше оштетена и урбаната опрема.






„Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот. И ова е само почеток! Градскиот парк ќе го облагородиме со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини. На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани“, велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека нивните екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град.

„Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано!“, порачуваат од Градот.

Поврзани содржини