НОВА МЕРКА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НЕВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНИТЕ За плата од 24.000 денари ќе даваат социјални или здравствени услуги

Погодностите од меката денеска заменик министерот за економија му ги претставил на новиот министер за локална самоуправа.

0

Заменик-министерот Маријан Ристески денеска на средба со новоименуваниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ ја претстави последната мерка објавена од Агенцијата за вработување која е дел со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година – „Економија на грижа – Општинско-корисна работа“ која е наменета за општините.

Со мерката се  овозможува општините работно да ангажираат невработени лица од евиденцијата на АВРМ со стекнат  сертификат за давател на услугата во период од 9 (девет) месеци за ангажман од 40 часови неделно.






Лицата би биле ангажирани во областите на социјални или здравствени  услуги во согласност со потребите на локално ниво, како и за приоритетни целни групи на крајни корисници.

За нивниот ангажман лицата ќе добиваат надомест од 24.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

На работната средба биле  разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со состојбите на општините, локалниот економски развој, поддршката за домашните компании и значењето на инфраструктурните инвестиции на општиот економски развој на земјата.

Поврзани содржини