ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска линија
Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре ќе работи од 7 до 19 часот. Граѓаните ќе можат лично или на телефонскиот број 044 344-082 да пријават повреди на избирачкото право за време на изборите во Брвеница.
Од институцијата потсетуваат дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.
„Никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, велат од Народниот правобранител.