ГРАЃАНИН СПАСИЛ ДАВЕНИК ВО ВАРДАР Скопјанец паднал во реката, извлечен во последен миг

83-годишен скопјанец бил извлечен од реката Вардар во Карпош откако се давел утрово. Очевидец го спасил лицето, а Итната помош го пренела во болницата „8 Септември“. Полицијата врши увид.

0

Во реката Вардар на подрачјето на скопски Карпош вчера бил извлечен 83-годишен маж кој се давел во водата, по што со брза интервенција на очевидец и медицинските служби бил спасен и пренесен во болница.

Како што соопшти полицијата, на 12.06.2026 година во 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот од реката Вардар бил извлечен машко лице кое се давело.






Станува збор за лицето Д.И. (83) од Скопје, кое, според првичните информации, имало здравствени проблеми.

По укажаната прва помош на самото место од екипа на Итна медицинска помош – Скопје, тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде ќе се врши понатамошно лекување.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини