ГОДИШНИНА ОД НАЈГОЛЕМИОТ МАСАКАР ВО ЦРНА ГОРА Знамињата во Цетиње на пола копје, граѓаните на собир
Сторителот на злосторството што го зацрни Цетиње и цела Црна Гора беше Вучко Бориловиќ (34), кој прво уби мајка со две деца, а потоа пукаше по случајни минувачи.
На денешен ден во 2022 година, во најголемото масовно убиство во поновата историја на Црна Гора, 10 лица ги загубија животите, меѓу кои и две деца, додека 6 граѓани беа ранети.
Главниот град Цетиње објави дека во спомен на жртвите знамињата на сите институции во Цетиње и на влезот во градот се спуштени на половина копје.
„Со длабока почит и тага, ќе го зачуваме од заборав споменот на нашите невини маченички сограѓани“, соопшти локалната власт.
Локалниот јавен радиодифузер, Радио и телевизија Цетиње, ќе ја прилагоди својата програмска содржина за да ја одбележи годишнината од трагедијата.
Сторителот на злосторството што го зацрни Цетиње и цела Црна Гора беше Вучко Бориловиќ (34). На тој кобен 12 август, околу 15:30 часот, тој со истрели од огнено оружје прво уби жена и нејзинте два сина на возраст од 8 и 11 години, кои престојувале како станари во неговата куќа во населбата Медовина. По убиствата се јави на сопругот и таткото на убените, за да му каже што сторил.
После тоа, излезе на улица и ги уби кумот и својот вујко, па пукаше наоколу кон други случајни минувачи.
Граѓаните набрзо ја повикаа полицијата. Бориловиќ одбида се предаде и запука кон полицајците, повредувајќи еден полицаец.
Тој пукаше и кон персоналот за итната медицинска помош за да ги спречи да им помогнат на жртвите.
Полицијата го рани, но, не можеше да му се приближи поради непристапниот терен и фактот дека е вооружен. Цивилите бараа оружје од полицијата за да пукаат во него. Потоа еден цивил, Ненад Калуѓеровиќ, го уби со пиштол.
Надлежните органи не ги открија мотивите што го наведоа Бориловиќ да го изврши масакрот. Според еден од роднините на Бориловиќ, мотивот за ова злосторство биле неплатени долгови.
По повод 4 години од трагедијата во Медовина, групата граѓани денеска ќе одржат собир во сеќавање на жртвите.
Како што најавија, болката не се намалила ниту по 4 години, а бројните прашања за околностите на трагедијата и одговорноста на институциите сè уште чекаат одговори.