ГО ТЕПАЛЕ, СЕ ВРАТИЛ, ПА ГО ПРЕТЕПАЛЕ СО КУНДАК Драма пред локал во Кисела Вода

Маж од Скопје бил нападнат двапати во иста ноќ. Вториот пат бил удрен со кундак од пиштол.

190

Полноќна тепачка сериозно ескаларала во Кисела Вода. Маж бил претепан, се вратил на местото, а потоа повторно бил нападнат, овојпат со оружје. Според информациите од полицискиот билтен, Р.Д. (36) од Скопје бил донесен со повреди во болница.

Инцидентот почнал кога Р.Д. бил запрен додека се движел со автомобил. Следела расправија со лице кое го познавал. По кратка вербална ескалација, бил физички нападнат. Нападот не завршил тука.

Р.Д. подоцна се вратил на истото место. Таму повторно бил нападнат.

Во вториот напад се вклучиле уште лица. Ситуацијата ескалирала. Еден од напаѓачите го удрил со кундак од пиштол. Нападот бил значително поагресивен од првиот.

 

Истрагата треба да утврди како дошло до двојниот напад и улогата на сите инволвирани.

Поврзани содржини