Главниот уредник на „Билд“ се повлече, малтретирал жени

379

Главниот уредник на германскиот весник „Билд“, Jулијан Рајхелт, кој е цел на внатрешна истрага поради поплаки на неколку жени за неговото однесување, побара привремено да биде разрешен од должноста, соопшти групацијата Аксел Шпрингер.

– За да се овозможи сè да се разјасни и да не се наруши работата на редакцијата, тој (Рајхелт) побара од управниот одбор привремено да биде разрешен од должноста додека не се испитаат обвинувањата – соопшти медиумската група, додавајќи дека барањето било прифатено.






Против Рајхелт се поднесени неколку поплаки за малтретирање и злоупотреба на службената положба, по што Аксел Шпрингер почна внатрешна истрага.

Поврзани содржини