ГЕРМАНСКО-ШВАЈЦАРСКИ ГРАНТ ОД 500.000 ЕВРА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО СО БИЗНИСОТ Носители на проектот се универзитетот во Штип, едно училиште и три компании

Поврзувањето на образованието со стопанството преку дуалните паралелки е и индикатор од реформската агенда што бара 700 компании од нашата земја да бидат во врска со средно стручно образование.

0

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании добија 500 000 евра грант од германската и од швајцарската амбасада, за поврзување на образованието со стопанството.

Со парите ќе се реализација на проектот „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“. Во рамки на проектот, како што соопшти МОН, ќе се изгради и опреми современ Центар за обука за преработка на млеко и месо, ќе се изработат наставна програма и материјали за учење, со што ќе бидат поддржани две квалификации: Млекопреработувач и Преработувач на месо и месни производи.

– Ова е од исклучително значење. Повеќе пати сме потенцирале, врската меѓу образованието и стопанството придонесува за подобра економија, што значи подобар живот на сите граѓани во оваа земја. Постојано потенцираме дека сме посветени на дуалното образование, кое е центар на нашето внимание и кое дава одлични резултати. Па така, од околу 20.000 места за средно образование, 17.000 се посветени на дуалното образование – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Според неа, поврзувањето на образованието со стопанството преку дуалните паралелки е и индикатор од реформската агенда што бара 700 компании од нашата земја да бидат во врска со средно стручно образование.

– Индикаторот е исполнет, дури и надминат. Имаме меѓу 800 и 1000 компании вклучени во овој процес. Ова е многу значајно. Јас сум благодарна и на странските партнери и на Стопанската комора, затоа што и стопанството, но и образованието играат клучна улога во развој на земјата – рече Јаневска.

Поврзани содржини