ГОЛМАНОТ НА САРАГОСА БРУТАЛНО НОКАУТИРА ПРОТИВНИЧКИ ИГРАЧ Скандал на натпревар на Ла Лига 2

Голманот на гостите Андрада прво го турна противничкиот играч на средината од теренот, за што судијата му покажа жолт картон.

166

Голем скандал се случи на натпреварот помеѓу Уеска и Сарагоса во рамките на 37. коло од Ла Лига 2. Голманот на гостите Естебан Андрада го нокаутира противничкиот играч Хорхе Пулидо.

Голманот на гостите Андрада прво го турна противничкиот играч на средината од теренот, за што судијата му покажа жолт картон, а бидејќи веќе еднаш беше опоменат, следеше исклучување.

Разбеснет од ваквиот исход, Аргентинецот се стрча кон фудбалерот на Уеска, а потоа го удри со тупаница во главата.

Потоа настана хаос на теренот. Имаше уште силни удари и ситуацијата целосно излезе од контрола. По ова, јасно е дека Андрада ќе добие жетока казна, а казнет ќе биде и неговиот колега од спортивната страна Дани Хименез. Тој му зададе силен удар на Андрада, кога застана во одбрана на соиграчот.

Поврзани содржини