ДИЗЕЛОТ МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ ЗА 2 ДО 2,5 ДЕНАРИ Мицкоски очекува и мало зголемување на цените на бензините
Според нашите калкулации, јас очекувам дека денеска повторно дизелот ќе поевтини, за 2 до 2,5 денари, бидејќи минатата недела просекот берше таков на плац во Флоп Италија што за нас претставува репер берза, изјави премиерот додавајќи дека може да има мало зголемување на цените на бензините.
Дизел горивото денеска ќе поевтини за 2 до 2,5 денари, додека бензините малку ќе поскапат, вели премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните активности на Универзална Сала.
Стапката на ДДВ од 10% останува иста, вели за новинарите Мицкоски.
– Не мислам дека е преуранета мерката, напротив Македонија како држава веќе два месеци е пример за начинот како се справуваме со оваа енергетска криза. Ова е увезена криза поради геополитичките случувања. Ние сме една од ретките држави која што направи ваква робусна мерка веднаш и со тоа успеја да го задржи нивото на едни пристојни граници. Според нашите калкулации, јас очекувам дека денеска повторно дизелот ќе поевтини, за 2 до 2,5 денари, бидејќи минатата недела просекот берше таков на плац во Флоп Италија што за нас претставува репер берза – изјави првиот човек на владата.
Премиерот додаде дека очекува мало зголемување на цените на бензините.
– Како Влада се бориме жилаво во овие 2 месеца и успеавме да не дозволиме како многупати во минатото да бидеме на дното туку напротив да бидеме на врвот според процентот на нашиот БДП – додаде Мицкоски.