ГЕРМАНСКО-ШВАЈЦАРСКИ ГРАНТ ОД 500.000 ЕВРА ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО СО БИЗНИСОТ Носители на проектот се универзитетот во Штип, едно училиште и шест компании

Поврзувањето на образованието со стопанството преку дуалните паралелки е и индикатор од реформската агенда што бара 700 компании од нашата земја да бидат во врска со средно стручно образование.

28

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и шест компании добија 500 000 евра грант од германската и од швајцарската амбасада, за поврзување на образованието со стопанството.

Со парите ќе се реализација на проектот „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“. Во рамки на проектот, како што соопшти МОН, ќе се изгради и опреми современ Центар за обука за преработка на млеко и месо, ќе се изработат наставна програма и материјали за учење, со што ќе бидат поддржани две квалификации: Млекопреработувач и Преработувач на месо и месни производи.

– Ова е од исклучително значење. Повеќе пати сме потенцирале, врската меѓу образованието и стопанството придонесува за подобра економија, што значи подобар живот на сите граѓани во оваа земја. Постојано потенцираме дека сме посветени на дуалното образование, кое е центар на нашето внимание и кое дава одлични резултати. Па така, од околу 20.000 места за средно образование, 17.000 се посветени на дуалното образование – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Според неа, поврзувањето на образованието со стопанството преку дуалните паралелки е и индикатор од реформската агенда што бара 700 компании од нашата земја да бидат во врска со средно стручно образование.

– Индикаторот е исполнет, дури и надминат. Имаме меѓу 800 и 1000 компании вклучени во овој процес. Ова е многу значајно. Јас сум благодарна и на странските партнери и на Стопанската комора, затоа што и стопанството, но и образованието играат клучна улога во развој на земјата – рече Јаневска.

Поврзани содржини