ГЕРМАНИЈА УКИНУВА ПРАВИЛО СТАРО ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ? Покрената иницијатива за работа во недела

Досега, германската влада се одлучи само за минимални промени. Од 2027 година, планира да им дозволи на пекарниците, слаткарниците и јавните библиотеки да работат подолго во недела, додека за остатокот од трговијата нема такви планови.

0

Германија го отвори прашањето дали треба да се укине недела како неработен ден  воведен пред повеќе од 100 години.

Неделниот одмор во Германија е заштитен со уставот, а оваа одредба датира од Вајмарскиот устав од 1919 година и е пренесена во Основниот закон од 1949 година. Деталните правила за работното време ги донесуваат федералните покраини, па продавниците генерално се затворени во недела. Само одредени објекти имаат право да работат, како што се бензински пумпи, пекарниците со ограничено работно време и продавници на железнички станици, аеродроми и болници.






Досега, германската влада се одлучи само за минимални промени. Од 2027 година, планира да им дозволи на пекарниците, слаткарниците и јавните библиотеки да работат подолго во недела, додека за остатокот од трговијата нема такви планови.

ерманското здружение на малопродажба (HDE) смета дека ова не е доволно.

-Економијата е во лоша состојба, како и расположението на потрошувачите. Дали е навистина вистинско време да се брани пред луѓето кои сакаат да работат? – прашува директорот на здружението, Стефан Гент.

Поддржувачите на промените предупредуваат и на нелогичноста на постојните правила. На пример, во продавница во Берлин, купувачот може да купи краставица или газиран пијалак во недела, но не и компири, тиквички или грав од конзерва.

Разликите произлегуваат од сложените и нееднакви прописи на федералните покраини.

Застапниците на поголеми промени наведуваат пример на сопственик на еден минимаркет во Берлин кој бил казнет  неодамна со 2.500 евра бидејќи во недела продавал храна која е со подолг рок на траење, иако тој  тврди дека без прометот во недела, кој сочинува 40% од неговиот неделен приход, не може да преживее.

Засега нема став на синдикатите околу нарушувањето на правото на работниците на неделен одмор.

 

Поврзани содржини