ФОЛКСВАГЕН ИСПАДЃА ОД ЕВРОПСКИОТ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКС ЕУРО СТОКС50 Што тоа ќе значи за компанијата и европскиот индекс?
Излегувањето на „Фолксваген“ од „Еуро Стокс 50“ е важно и поради инвестициските фондови кои пасивно го следат тој индекс.
Германската автомобилска компанија „Фолксваген“ наскоро ќе се повлече од клучниот европски берзански индекс Еуро Стокс 50, бидејќи нејзините акции паднаа за повеќе од 25% од почетокот на годината.
Промената стапува на сила на 21 септември, а „Фолксваген“ ќе му го отстапи местото на францускиот енергетски гигант „Енџи“.
Дополнително, дел од индексот „Еуро Стокс 50“ од споменатиот датум ќе биде и финската „Нокиа“, на сметка на холандската софтверска компанија „Волтерс Клувер“ (Wolters Kluwer).
Германија го губи влијанието врз индексот Еуро Стокс 50, но индексот станува постабилен
Излегувањето на „Фолксваген“ од Еуро Стокс 50 е важно и поради инвестициските фондови кои пасивно го следат тој индекс.
Тие ќе мора да ги продадат акциите на „Фолксваген“ и да го пренасочат капиталот кон компаниите вклучени во индексот, што може дополнително да влијае на движењето на акциите на германската фирма.
Флксваген ја губи лидерската позиција и престижот
Автомобилскиот гигант е веќе во проблеми
Германските медиуми објавуваат дека Надзорниот одбор на „Фолксваген“ би можел да разгледа радикални чекори за реструктуирање на производството оваа недела.
Меѓу можните сценарија е прекин на производството во германските фабрики во Емден, Цвикау и Хановер, како и во фабриката на Audi во Некарзулм.