ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ ЌЕ ИЗНЕСУВА 199,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Земјите-членки ги надминаа разликите
Буџетот за 2027 година е последен во Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година. Неговиот вкупен износ е околу 1,1 трилион евра, а средствата доаѓаат главно од придонеси од земјите-членки.
Преговарачите од Европскиот парламент и земјите-членки постигнаа договор за буџетот на ЕУ за 2027 година од околу 199,7 милијарди евра. Меѓу приоритетите се конкурентноста, безбедноста и одбраната и поддршката за Украина, објави ДПА по преговорите во Брисел што траеја до раните утрински часови.
Договорениот износ е малку под 199,9 милијарди евра предложени од Европската комисија. Буџетот за 2026 година изнесуваше околу 190 милијарди евра.
Според земјите-членки, договорот ќе овозможи спроведување на веќе договорените програми и ќе остави простор за одговор на непредвидени настани, вклучително и развојот на кризите во Украина и Блискиот Исток.
Договорот е предмет на формално одобрување од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.
Буџетот за 2027 година е последен во Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година. Неговиот вкупен износ е околу 1,1 трилион евра, а средствата доаѓаат главно од придонеси од земјите-членки.
Паралелно, во Брисел продолжуваат преговорите за финансиската рамка за 2028-2034 година. Земјите-членки имаат за цел да постигнат договор до крајот на годината, но нивните ставови остануваат далеку одвоени.