Европската комисија одобри 7 милијарди евра помош за „Ер Франс“

150

Европската комисија денеска ѝ одобри на Франција помош од седум милијарди евра за авиокомпанијата „Ер Франс“, за надминување на последиците од кризата со новиот коронавирус.

Гаранцијата и заемот од седум милијарди евра обезбедени од Франција, ќе обезбедат ликвидност за „Ер Франс“, што итно треба да се спротистави на последиците од пандемијата на ковид-19, посочи во соопштение Маргарет Вестагер, еврокомесар за конкуренција.

Поврзани содржини