ЕУ ќе им даде солидарна помош на Србија, Црна Гора и на Албанија, Македонија со прстот в уста!

Од земјите кандидати Србија треба да добие речиси 12 милиони евра, Црна Гора скоро 200 илјади евра, а Албанија 900 илјади евра.

7,348

Македонија не е предвидено да добие  ниту евро од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Солидарниот фонд на ЕУ.

Информацијата ја објави и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Твитер и напиша „Солидарноста на ЕУ на дело“, набројувајќи ги земјите кои ќе бидат опфатени со овој пакет, меѓу кои и Србија, Црна Гора и Албанија.






Според соопштението од Европската комисија, средствата кои треба да ги добијат се поддршка на нивните јавни трошоци за медицинска и лична заштитна опрема, итна поддршка за населението и мерките за превенција, мониторинг и ширење на коронавирусот.

– Солидарниот фонд на ЕУ е конкретна демонстрација на европската солидарност на дело. Од неговото формирање испорачана е ефективна помош за милиони луѓе во овие тешки времиња. Сега предлагаме мобилизација на неопходна финансиска помош што за борба против коринавирусот. Солидарниот фонд уште еднаш ја остварува својата главна мисија – изјави Елиса Фереира, комесарка за кохезија и реформи.

Со предлогот на Европската комисија се опфатени 17 земји членки и 3 земји кандидати, односноАвстрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија и Шпанија, плус Албанија, Црна Гора и Србија.

Од земјите кандидати Србија треба да добие речиси 12 милиони евра, Црна Гора скоро 200 илјади евра, а Албанија 900 илјади евра.

Поврзани содржини