ЌЕРКАТА НА КИМ КАРДАШИЈАН САКА ДА РАБОТИ ВО СТАРБАКС Норт Вест сака „нормална работа“, но нејзиниот изглед на насловната на „Dazed“ предизвика загриженост
Во интервју за списанието „Dazed“, ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест била прашана што би работела доколку не се занимава со музика. Таа одговара дека сака да работи во Starbucks. Инаку, изгледот на 13-годишната Норт на насловната страница предизвика бројни реакции, меѓу кои и онаа на Меган Мекејн
Норт Вест, 13-годишната ќерка на Ким Кардашијан и Канје Вест, можеби расте во едно од најпознатите семејства во светот, но вели дека следната година сака да има нешто сосема обично – работа во Starbucks.
Во интервју за „Dazed“, Норт била прашана што би работела доколку не се занимава со музика. Наместо да избере некоја гламурозна професија, таа одговара дека сака да работи во Starbucks. Објаснува и дека следната година ќе наполни 14 години и дека тогаш ќе може да има „нормална работа“.
Иако музиката и понатаму е нејзината главна страст, Норт вели дека сака да искуси нешто што нема никаква врска со животот на дете на Ким Кардашијан и Канје Вест. Таа зборува и за својата музичка кариера, а студиото го опишува како совршено место за неа. Притоа, признава дека не е тип што сака да забави и да чека – најлошиот совет што го добила, според неа, бил да забави со темпото.
View this post on Instagram
Во истото интервју таа зборува и за својот изглед. Норт позираше за насловната страница на „Dazed“ со сина коса, пирсинг и украси на забите, а во целата приказна се вклучи и Меган Мекејн, американска колумнистка, телевизиска водителка и политичка коментаторка, која е ќерка на покојниот сенатор и претседателски кандидат Џон Мекејн.
– Ова кутро дете. Срцето ми се крши за ова дете – напишала Мекејн на X, откако ја видела насловната страница. Нејзиниот коментар веднаш предизвикал реакции, а дел од луѓето го протолкувале како критика кон Ким Кардашијан и Канје Вест за начинот на кој ја воспитуваат својата ќерка.
Мекејн потоа објаснила дека не ја исмевала Норт, туку дека навистина се чувствува лошо за 13-годишното девојче. Таа смета дека таква насловна страница и таков тип фотографии не се соодветни за дете на таа возраст и ги повикала луѓето да не го извртуваат значењето на нејзиниот коментар.
View this post on Instagram
Норт, пак, во интервјуто зборува и за критиките на кои е изложена поради изгледот. Таа се прашува зошто девојчињата толку често се критикуваат за косата, пирсингот и облеката, додека момчињата можат да прават работи што таа ги смета за многу посериозни, како пушење електронски цигари, без да бидат подеднакво анализирани.
View this post on Instagram
Интересот за Норт не е изненадување. Иако има само 13 години, таа веќе се обидува да изгради сопствен идентитет надвор од славата на своите родители – преку музиката, модата и сега, барем според нејзините зборови, можеби и со една сосема обична работа во Starbucks.