ТРАМП ГИ СПУШТИ ЗНАМИЊАТА ЗА ДОЛИ ПАРТОН Цела Америка една недела ќе ѝ оддава почит на музичката легенда

Доналд Трамп нареди американските знамиња една недела да бидат на половина копје во чест на Доли Партон. На својата платформа Truth Social, тој напиша: Никогаш немало никој како неа, и никогаш нема да има. Почивај во мир, Доли! Светот те сака.

2

Американскиот претседаел Доналд Трамп нареди знамињата на федералните објекти низ САД да бидат спуштени на половина копје во чест на Доли Партон, која почина на 80-годишна возраст. Мерката ќе трае една недела, почнувајќи од 18 часот на 25 август.

Трамп ја опиша Партон како „една од најголемите кантри-пејачки“ и порача дека нејзината смрт е огромна загуба за милиони луѓе.






– Никогаш немало никој како неа, и никогаш нема да има. Почивај во мир, Доли! Светот те сака – напиша претседателот на својата платформа Truth Social.

Одлуката на Трамп доаѓа како дел од големиот бран почести за музичката икона, а знамињата веќе беа спуштени во Вашингтон по објавувањето на нејзината смрт. Повеќе американски сојузни држави и локални власти исто така најавија сопствени одлуки за спуштање на знамињата во нејзина чест.

Почит кон Доли Партон оддадоа и голем број познати личности. Меѓу нив се Пол Макартни, Мик Џегер, Линда Ронштат, Реба Мекинтајр, Синди Лопер и други големи имиња од музичкиот свет. Хилари Клинтон исто така се прости од Партон, а реакциите пристигнуваат од политичари, актери и музичари од различни генерации.

Особено внимание привлекува фактот што Доли во текот на кариерата внимателно избегнуваше да се врзува за политички партии. Според американските медиуми, таа го одбила и претседателскиот Медал на слободата во повеќе наврати, меѓу другото поради лични причини и затоа што не сакала нејзиното име да се поврзува со политика.

Нејзината смрт предизвика национална почит каква што ретко се гледа за музичар. Партон беше многу повеќе од кантри-пејачка – седум децении беше дел од американската култура, а зад себе остави и огромно хуманитарно наследство. Нејзината Imagination Library обезбеди стотици милиони книги за деца, а таа беше позната и по поддршката на медицинските истражувања.

Поврзани содржини