3 ЧАСА ВИСЕЛЕ ЗАГЛАВЕНИ НА РИНГИШПИЛ Возењето запрело кога биле на 30 метри над земја

Пред полноќ, реквизитот повторно бил ставен во функција и луѓето успеале да се симнат неповредени и без помош од пожарникарите, изјави портпаролот на полицијата.

16

Дваесет и три лица останаа заглавени високо над земјата околу три часа откако рингишпил се расипа на саем во северниот германски град Хамбург, соопшти полицијата.

Возењето запрело доцна синоќа поради технички дефект, што предизвика голема интервенција на полицијата и пожарникарите во обид да ја спуштат конструкцијата и да спречат паника меѓу заглавените луѓе, јави ДПА.






Според весникот „Билд“ (Bild), патниците биле заглавени на околу 30 метри над земјата.

Уште пред полноќ, реквизитот повторно бил ставен во функција и луѓето успеале да се симнат неповредени и без помош од пожарникарите, изјави портпаролот на полицијата.

Германската организација за техничка инспекција ТИФ е меѓу оние кои се очекува да истражат што го предизвикало инцидентот.

Рингишпилот е дел од летниот саем во Хамбург „Зомердом“ кој трае до недела. Оваа година настанот за првпат се одржува пет недели, за разлика од претходно кога траеше четири.

Повеќе од 1,3 милиони луѓе го посетија „Зомердом“ минатата година, според податоците на организаторите.

Поврзани содржини