ЕКС-ДИРЕКТОР ФАТЕН ВО ЗЛОУПОТРЕБА Ангажирал работници без одобрение, а платите им течеле редовно

Според полицијата, С.Т. во текот на 2023 и 2024 година ангажирал лица со договор за дело без да добие финансиска согласност од Министерството за финансии.

13,522

Поранешниот директор на ЈЗУ-Центар за јавно здравје во Охрид, 61-годишниот С.Т., е под истрага откако СВР Охрид поднесе кривична пријава против него за „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според полицијата, С.Т. во текот на 2023 и 2024 година ангажирал лица со договор за дело без да добие финансиска согласност од Министерството за финансии. И покрај тоа, овие лица редовно добивале исплати, што според истрагата, претставува пречекорување на неговите службени овластувања.






„Случајот е под истрага, а полицијата ги презема сите неопходни мерки за расчистување на сите околности“, изјавија од СВР Охрид.

Пријавата е доставена до надлежните органи, кои ќе одлучуваат за понатамошниот тек на постапката.

Поврзани содржини