📷 ЕКОНОМИЈА, ИНВЕСТИЦИИ И НОВИ РАБОТНИ МЕСТА Мицкоски и Ердоган разговараа за стратешкото пријателство

Мицкоски и Ердоган на билатерална средба во Турција потврдија силни односи меѓу двете земји, со фокус на инвестиции, економска соработка, инфраструктура и регионална стабилност.

0

Во периодот што следува односите меѓу нашата земја и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, напиша на социјалните мрежи претседателот на Владата Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

– На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната – вели Мицкоски.






Премиерот посочува дека ја нагласил важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.

– Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес. Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот. Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува – информира премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини