ЕДЕН ДИРЕКТОР ДАВА ТЕНДЕР НА СОПРУГАТА НА ДРУГ ДИРЕКТОР Митева ги стави Локвенец и Тунџев на тапет
Тунџева покрај тоа што е сопруга на директорот на Агенцијата за Катастар, и самата е во структурите на СДСМ, па дури е предложена и за заменик член на Избирачки одбор за Избирачко место 2650 во Карпош од партијата СДСМ, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Додека власта дава согласност, а директорот на Агенцијата за Катастар Борис Тунџев носи одлуки за зголемување на катастарските услуги, неговата сопруга добива бизниси од државата. Но, не станува збор за она што досега го објавивме во јавноста, а се однесува за нејзината фирма КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје, каде што сопругата на Тунџев добива лиценца за производство на струја од РКЕ на 34 години, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа прикажа договор за геодетски услуги помеѓу ЈП Железници Инфраструктура, каде што, како што потенцираше, директор е Хари Локвенец кадар од СДСМ и од другата страна е Геопроект Инжинеринг ДООЕЛ Скопје сопственост на Светлана Тунџева, сопруга на директорот на Катастар Борис Тунџев, исто така кадар на СДСМ.
– Овој договор, оваа рамковна спогодба е во висина од 2.360.000 денари. Тој е склучен на 26.05.2022 година. Договорот е во вредност од 40.000 евра во време кога платите за работниците во железници се несигурни, а железничкиот транспорт во Македонија никогаш не бил позапоставен. Потписници на овој договор се Хари Локвенец како директор на ЈП Железници Инфраструктура и сопругата на Борис Тунџев, директор на Агенцијата за Катастар. Или, еден директор во Владата на Ковачевски дава тендер на сопругата на друг директор во Владата на Ковачевски. Тунџева покрај тоа што е сопруга на директорот на Агенцијата за Катастар, и самата е во структурите на СДСМ, па дури е предложена и за заменик член на Избирачки одбор за Избирачко место 2650 во Карпош од партијата СДСМ. За тоа има доказ објавен во службен гласник на општината. Додека нејзиниот сопруг директорува со Агенцијата за Катастар и ги зголемува цените за услугите на оваа институција и за 5 пати, неговата сопруга, преку нејзината фирми склучува државни тендери во вредност од десетици илјади евра. Ова се договори кои власта ги склучува за сопствени бизнис интереси, додека енормно ги поскапува услугите кои им се неопходни на граѓаните. Оваа власт мора да замине – порача Митева.