ЕБОР ОДОБРИ КРЕДИТ ОД 200 МИЛИОНИ ЕВРА Парите ќе се трошат за автопатот Скопје – Блаце и регионални депонии

ЕБОР во изминативе 30 години има инвестирано над 2,2 милијарди евра во 159 проекти во земјата.

114

Над 200 милиони евра поволни средства од ЕБОР се обезбедени за реализација на регионален проект за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје-Блаце, информира Министерството за финансии.

Предлог законите за обезбедување на средствата од ЕБОР беа прифатени на вчерашната владина седница, а пред потпишување треба да бидат изгласни на собранието.






Според предлог законот за гаранција на државава на кредитот од ЕБОР  за автопатот од Скопје до границата со Косово, се предвидува да се обезбедат 167,6 милиони евра,  кои се со рок на отплата од 16 години, со грејс период од 4 години и каматна стапка која е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 отсто.

-Со ова се комплетира финансиската конструкција за реализација на овој проект. Покрај средствата обезбедени од ЕБОР, ќе се финансира со грант средства од ВБИФ во износ од 26,5 милиони евра – информираат од МФ.

Со Предлог-законот за кеедитот за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад се обезбедуваат 55 милиони евра со рок на отплата од 15 години, грејс период од 4 години и каматна стапка  која се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 отсто.

-Целта е да помогне на земјата во развојот на регионални системи за управување со отпад во одредени региони на Република Северна Македонија, односно воспоставување регионален систем за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион – велат од Финансии.

ЕБОР во изминативе 30 години има инвестирано над 2,2 милијарди евра во 159 проекти во земјата.

 

 

Поврзани содржини