ЌЕ НАПРАВИМЕ СЀ ШТО ЗАВИСИ ОД НАС СО РЕФОРМИТЕ, А БРИСЕЛ НЕКА СУДИ Мицкоски вели дека нема да има капитулации и бели листови

Ние сѐ ќе направиме кое што е поврзано со реформите, со нашата домашна задача и потоа оставаме на луѓето од Брисел, на Европската Комисија да суди дали ние реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија – рече премиерот Мицкоски.

38

Сѐ ќе направиме што зависи од нас поврзано со реформите, а Брисел и Европската комисија нека судат дали заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака во реформите – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на Реформската агенда.

– Да, па денеска имавме утрински состанок со луѓето од Брисел, од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската агенда во грејс-периодот зад декември и оние коишто се во нормален колосек до декември, коишто истекуваат 2026 година. Ние сме единствената земја, за волја на вистината од регионот, којашто работи за реформите до декември. Барем така тие го кажаа, ние остануваме посветени на таа испорака.






Со други зборови, сѐ ќе направиме кое што зависи од нас. Точно, ние нема да потпишуваме капитулации и бели листови хартија како што тоа го правеше претходната Влада, а ништо да не испорача дома. Значи ние сѐ ќе направиме кое што е поврзано со реформите, со нашата домашна задача и потоа оставаме на луѓето од Брисел, на Европската Комисија да суди дали ние реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака. Бидејќи секогаш мене ми велат, и таму кога одам на состаноци тоа го слушам, дека ова е процес којшто се темели на заслуга. Односно колку испорачуваш, толку добиваш. Еве ние ќе се обидеме да го заслужиме тоа преку испораката во реформите, понатаму ќе оставиме на нив – рече Мицкоски.

Поврзани содржини