ЌЕ МУ ГИ СЕЧАТ КОСКИТЕ ЗА ДА ИЗБЕГНЕ ПРОТЕЗА Замброта откри дека нозете му се криви поради распаднатите колена
Поранешениот играч на Барселона, Јувентус и Милан има изразени деформитети на колената, нозете му се целосно искривени.
Легендарниот италијански фудбалер и поранешен играч на Барселона, Јувентус и Милан, Џанлука Замброта, минува низ многу тежок период поради проблеми со колената.
Тој има изразени деформитети на колената. Нозете му се целосно искривени, а Замборта откри дека наскоро ќе мора да оди на сложена операција за да не мора да носи целосна протеза.
– Немав сериозни повреди во текот на мојата кариера, но имав три операции на менискусот. Денес веќе немам медијален менискус ниту на левото, ниту на десното колено, а со текот на времето нозете ми се искривија. Сега сум како лабораториски глушец, лекарите ме гледаат и се прашуваат како можам дури и да одам – рече тој.
Наскоро ќе има операција на двете колена.
– Ќе ми ја исечат коската над и под коленото, ќе ми стават протези и ќе се обидат да ми ги исправат нозете, се за да избегнам целосна протеза, барем засега – изјавил уште Џанлука Замброта, цитиран од италијанските медиуми.