ДОНИРАНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА 500.000 ДОЛАРИ Ќе се подноват болниците во Гостивар, Велес, Струмица и Струга
Станува збор за ехо апарати, инкубатори, вормери, монитори за пациенти и новороденчиња, ЦТГ апарати, инфузиони пумпи, родилни кревети, апаратура за фототерапија и друга медицинска опрема.
Современа медицинска опрема во вкупна вредност од околу 500.000 долари, наменета за четири регионални болници – Гостивар, Велес, Струмица и Струга, е обезбедена во партнерство на Министерството за здравство со Проектот ХОПЕ.
информираше денеска во Гостивар министерот за здравство Азир Алиу.
Станува збор за ехо апарати, инкубатори, вормери, монитори за пациенти и новороденчиња, ЦТГ апарати, инфузиони пумпи, родилни кревети, апаратура за фототерапија и друга медицинска опрема, обезбедена како резултат на долгорочното партнерство во проектот Перимак.
Во рамки на оваа соработка досега е обезбедена медицинска опрема во вредност над 3,5 милиони американски долари и се обучени повеќе од 1.000 здравствени работници.
Вредноста на опремата наменета за Општата болница во Гостивар изнесува околу 130 илјади американски долари.
– Оваа опрема има многу конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти во регионалните болници. Нашата определба е регионалните болници да бидат силни, функционални и добро опремени. Затоа, секоја ваква поддршка ја гледаме како дел од пошироката политика за подостапно и поквалитетно здравство во целата држава, додаде министерот Алиу и упати благодарност до Проект ХОПЕ за континуираната поддршка.
