ДОНЧИЌ НЕ БАРА ИЗГОВОРИ ВО ЗАМОРОТ Го призна поразот од Минесота, но верува во Лејкерс

Ова се плејоф натпревари. Заморот не треба да игра никаква улога. Играв многу минути, но тоа не треба да има значење. Мислам дека играа подобро дефанзивно во последните неколку минути, рече познатиот кошаркар.

129

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, не бараше изговори во заморот по поразот од Минесота со 113:116 во дуел од првото коло од плејофот на Западната конференција на НБА.

Дончиќ постигна 38 поени за 46 минути на теренот, а Лејкерси веќе заостануваат со 1:3 во серијата.






– Ова се плејоф натпревари. Заморот не треба да игра никаква улога. Играв многу минути, но тоа не треба да има значење. Мислам дека играа подобро дефанзивно во последните неколку минути – рече Лука Дончиќ.

Една од ѕвездите на Лос Анџелес Лејкерс сè уште верува во шансите на тимот.

– Ситуацијата дефинитивно е разочарувачка, но ништо не е изгубено. Мораме да продолжиме да веруваме – додаде Словенецот, цитиран од специјализираното издание „Еурохупс“.

Поврзани содржини