ДОЈАВА ЗА БОМБИ ВО САРАЕВО Евакуирани два трговски центри

Полицијата ги евакуираше објектите и започна проверки по анонимна закана испратена по електронска пошта.

25

Двата најголеми трговски центри во Сараево денеска беа привремено затворени поради дојава за поставени бомби, соопшти полицијата.

Станува збор за трговските центри „Sarajevo City Center“ и „Alta Shopping Center“, кои се наоѓаат во близина на парламентот и Советот на министри на Босна и Херцеговина. По дојавата, објектите биле евакуирани, а полициски екипи започнале со проверка на теренот.

Дојавите за наводно поставени експлозивни направи пристигнале по електронска пошта до полицијата и до неколку босански медиуми.

Во пораката било наведено дека се поставени „рачни изработени експлозивни направи“. Анонимните испраќачи тврделе дека во „Sarajevo City Center“ има еден килограм експлозив, а во „Alta Shopping Center“ направа со два килограми експлозив и детонатор со далечинско управување.

Поврзани содржини